ПОРАДИ НЕДОЛИЧНО ОДНЕСУВАЊЕ

Вардар на дисциплинска: Со Комитите се враќаат и казните

Победата на Вардар кај Напредок мина и во знакот на неколку вербални испади на навивачите на црвено-црните

објавено: 6 март 2014 - 17:26

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) започна постапка против макеоднскиот фудбалски првак Вардар поради недоличното однесување на навивачите на црвено-црните на гостувањето во Кичево против Напредок на стартот на пролетниот дел од Првата лига.

Вардар со атрактивниот голот на Илчо Наумоски се врати на лидерската позиција по победата во Кичево, а мечот мина и во знакот на враќањето на навивачите на Вардар, Комитите, кои го прекинаа бојкотот заочнат од стартот на сезоната. Но, со враќањето на навивачите, се вратија и казните, па црвно-црните ги очекува парична казна за однесувањето на црвено-црната фаланга.

Како што информираа од Дисциплинската комисија во рок од три дена службените лица од натпреварот се должни да достават писмени изјави по што ќе биде донесена и одлуката за казната на ФК Вардар.

Од истиот дуел е и казната за фудбалерот на Напредок Бобан Велјановски од еден натпревар пауза поради добиениот црвен картон.

Дисциплинската комисија поведе постапка и против ФК Дрита од Боговиње поради слаба организација на дуелот од 16-то коло во Втората лига меѓу Дрита и Шкупи кој беше прекинат поради влез на гостинските навивачи, но и против ФК Шкупи поради носење на своите навивачи на гостински терен, на стадионот во Боговиње.

Најново во Фудбал