ПОРАДИ ИЗЛИВИ НА НАЦИОНАЛИЗАМ

Вардар казнет со 2.000 евра, иста казна ја чека и Шкендија!

Дисциплинската комисија на ФФМ се реши да го казни ФК Вардар со голема парична сума поради изливи на национализам на неговите навивачи на дербито со Шкендија. 

објавено: 8 ноември 2018 - 13:45

Вардар ќе мора да плати 2.000 евра казна поради недоличното однесување, но и изливи на национализам, на неговите фанови на дерби средбата со Шкендија  одиграни пред неколку кола.

Што се однесува до Шкендија и против овој тим има постапка, и тоа поради однесувањето на нејзините навивачи на неделниот меч со Шкупи. Се очекува и тетовци да бидат казнети со 2.000 евра.

Најново во Фудбал