БИЛЕТИТЕ СЕ 100 ДЕНАРИ, НА ПОТЕГ СЕ ВЕРНИТЕ ФАНОВИ

Вардар апелира: Сите на стадионот, на Вардар му е потребна поддршка

Вардар сака долго европско лето, за да ја оставри оваа желба треба да ја анулира негативата од еден гол на гостувањето кај Пјуник (0-1) во првиот квалификациски дуел од Лига Европа. 

објавено: 19 јули 2018 - 10:00

Вардар сака долго европско лето, за да ја оставри оваа желба треба да ја анулира негативата од еден гол на гостувањето кај Пјуник (0-1) во првиот квалификациски дуел од Лига Европа. „Црвено-црните“ за таа цел одлучија билетите за вечерашниот реванш дуел (19 часот) да чинат само 100 денари. Од таборот на македонскиот вицепрвак на својата официјална страница испратија апел да фановите повикувајќи ги да дојдат на стадион и да им помогнат да го совладаат ерменскиот тим.

„На Вардар вечерва му треба поддршка, му требаат полни трибини. Затоа вечерва дојдете на стадион, и сите заедно да навиваме за нашиот тим да обезбеди учество во следната рунда. 

Уште еднаш апелираме за фер и коректно навивање од трибините, без извици на национализам и расизам, и без фрлање предмети од трибините, како и користење на разни пиротехнички средства. Да го заштитиме тимот од строгите санкции на УЕФА и само со спортско навивање да му помогнеме на најдобркиот македонски клуб да остане што подолго на меѓународна сцена и оваа година“, велат од таборот на Вардар.

 

Најново во Фудбал