ЃОРЕ ЈОВАНОВСКИ, ПРЕД УТРЕШНИОТ РЕВАНШ СО ХОНВЕД

Уверен сум дека можеме да одиме натаму

„Нема да се браниме, ќе одиме да постигнеме гол. Најважно е што играчите сфатија дека може да го елиминираат тимот од Унгарија" вели Јовановски

објавено: 16 јули 2018 - 13:15

Работнички со предност од 2:1 утре, со почеток од 18 часот во Будимпешта, ќе го стартува реваншот од 1. квалификациско коло во ЛЕ, против Хонвед. Тим кој пред мечот во Скопје беше апсолутен фаворит и според јавноста во Македонија, која ги прежали „романтичарите", прашање беше со колкава разлика ќе слави среде Скопје.

Но Работнички како и секогаш, кога станува збор за европски натпревари, знае како треба. И тој силен Хонвед го победи со 2:1.
Утре е реваншот кој тимот од Градски парк го почнува со предност.

ЗАДОВОЛЕН И  СО ПОРАЗ ОД 2:3

За тоа што може да се очекува од „романтичарите", свое видување има шефот на стручниот штаб на нашиот тим Ѓоре Јовановски...

„Добро е што мечот го почнуваме со предност, но ние ќе го играме овој натпревар како да на првиот дуел резултатот бил 0:0 а не 2:1. Нема да се браниме, туку ќе настојуваме низ уште една добра игра дојдеме до резултат кој нас ќе ни одговара. Јас ќе бидам задоволен да оствариме резултат кој ќе не носи натаму. Па макар тоа било и пораз од 2:3. Нека биде што сака, само резултат кој нам ќе ни одговара. И секако, знаеме дека потребен ни е еден гол, со гол во домашната мрежа некои работи веројатно ќе бидат појасни".

Најново во Фудбал