СТРАТЕГОТ НА ШКУПИ ЗА МЕДИУМИТЕ ВО ТУРЦИЈА

УМИТ КАРАН: Во Македонија има квалитетни клубови!

„Со Шкупи имаме високи амбиции, веднаш се снајдов во Скопје, нивната култура ни е блиска нам на Турците. Има квалитетни клубови како Шкендија, Вардар, Работнички, спонзор на А.Пандев е Горан Падев" вели Каран

објавено: 17 јануари 2019 - 15:30

Умит Каран, некогашен познат фудбалер на Галатасарај, веројатно легенда на клубот, секгаш е интересен за јавноста во својата земја. Тој за медиумите во Турција пред два дена даде поголемо интервју, во кое во најголем дел кажува и за Македонија.

Тренер сум во Шкупи, во населбата Чаир од каде потекнува и Елјиф Елмас, еден од најдобрите млади играчи кои играат во Турција, во Фенербахче. Имаме големи амбиции со Шкупи за во наредниот период. Сакаме да играме во Европа. Кога сме кај Шкупи да потенцирам дека го имаме екстра талентираниот Сухејл Мухарем, извонреден млад играч. Инаку во Скопје, во Македонија веднаш се снајдов, се адаптирав, немав никакви проблеми, имено нивната култура ни е блиска нам на Турците" вели Каран.

Газда на А. Пандев е Горан Пандев, екс играчот на Галатасарај
Умит Каран е „ѕвезда" во својата земја, секој негов збор со внимание се слуша. Со респект и почит говори за мак – фудбалот, и тоа треба да се цени.

Во Македонија има квалитетни клубови, се игра квалитетно, единствено проблем е навистина лошата инфраструктура. Кога таа ќе се подобри ќе биде уште подобро. Еве да кажам дека газда на А. Пандев е познатиот Горан Пандев, некогашен играч на Галатасарај. Потоа тука е Шкендија, секако Вардар кој пред година и половина го елиминираше Фенербахче во плеј – офот во Лигата на Европа, да не заборавиме на Работнички кој пак беше подобар од Трабзонспор. Несомнено, во Македонија се игра квалитетен фудбал" коментира Каран.

 

Најново во Фудбал