НА ЗАПАДОТ, ЛИДЕРОТ ГО ПРЕЧЕКУВА ТИМОТ НА ГОСТИВАР

Трим Љум сака победничка низа...

Стружани бараат и четвртта победа по ред з апотврда на постоечкиот квалитет.

објавено: 22 септември 2018 - 12:30

Трите меча по ред во кој тимот на Струга Трим Љум излезе како победник, секако дека за лидерот на второлигашката конкуренција Запад, се нормална работа. Исто како што е сосема нормално да се бара и четврти триумф по ред на денешниот меч против Гостивар на домашен терен.

Избраниците на тренерот Александар Танчевски секако дека имаат императив пред себе, па ако сакате и доза на притисок затоа што едноставно од нив се очекува само три бода и ништо друго. Противникот пак во моментов прашање е колку може да го даде максимумот.

Во Гостивар се случи серија на порази, па смена на управа и тренер, па ќе видиме како тимот овојпат ќе реагира на оваа ситуаицја.

ГОБЛЕН Е ИЗНЕНАДУВАЊЕТО ЗА СИТЕ

Кумановци пак на изненадување на многумина на стартот на сезоната почнаа да собираат бодови, и се втори на табелата. Немаат сеуште пораз, и доколку го победеја Пелистер на домашен терен за што имаа шанси, ќе беа дури и на прво место. За да евентуално го сторат тоа, ќе мора да одат во чекор со лидерот Струга, во однос на победите, а викендов во Куманово пристигнува Лабуништа.

ГЕНЧ МИСЛИ САМО НА ТРИУМФ

Тимот на Генч Калемлер е релативно нов и непознат фудбалски колектив за наши услови. Овој тим од Гостивар постои само неколку години, и веќе е дел од сериозна фудбалска конкуренција. Гостиварци добро одат на стартот на сезоната, и имаат освоено доволно бодови за да се при самиот врв. Викендов на домашен терен го пречекуваат Кораби, тим кој е незгоден, кој во својот состав има неколку искусни играчи, кои добро знаат како е да се игра во оваа конкуренција на гостински терен, и знаат како да извлечат бодови. Сепак, кај Калемлер е пак квалитетот, и желбата за успеха на домашен терен, па секако дека ова е еден од поинтересните дуели викендов.

 

ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО - ДЕНЕСКА 15:30 Ч
ГЕНЧ КАЛЕМЛЕР - КОРАБ
ГОБЛЕН - ЛАБУНИШТА
СТРУГА ТИМ ЛУМ - ГОСТИВАР
ТЕТЕКС - ПЕЛИСТЕР
СКОПЈЕ - ВЛАЗЕРИМИ

ТАБЕЛА
1. СТРУГА ТРИМ ЛУМ 4 3 1 0 5:2 10
2. ГОБЛЕН 4 2 2 0 5:3 8
3. ГЕНЧ КАЛЕМЛЕР 4 2 1 1 8:4 7
4. ЛАБУНИШТА 4 2 1 1 2:6 7
5. ВЛАЗЕРИМИ 4 2 0 2 6:4 6
6. ГОСТИВАР 4 2 0 2 7:6 6
7. СКОПЈЕ 4 1 1 2 6:2 4
8. КОРАБИ 4 1 1 2 3:6 4
9. ПЕЛИСТЕР 4 0 2 2 2:6 2
10. ТЕТЕКС 4 0 1 3 1:5 1

 

Најново во Фудбал