ПОПЛАДНЕВО СЕ ИГРААТ СИТЕ ПЕТ МЕЧЕВИ ОД 8. КОЛО ВО ПМФЛ

Тофилоски: Можеме да го победиме и Вардар!

Во Штип, Победа се среќава со Вардар. Прилепчани по триумфот над Шкендија, сакаат три бода и против лидерот.

објавено: 29 септември 2018 - 11:00

Попладнево се играат сите пет мечеви од 8.коло во ПМФЛ. Покрај дербито во Турново, каде се среќаваат А. Пандев и Шкендија, се очекува најинтересно да биде во Штип, каде Победа како домаќин ќе го пречека Вардар. И двете екипи во минатото коло освоија по три бода.
„Игрме против еден од водечките клубови во Лигата, моментално лидер на табелата. Секако дека ни претстои тежок меч, да потсетиме дека Вардар е единствената екипа која досега нема пораз сезонава. Ние сметаме дека по Шкендија можеме да го победиме и Вардар, но за тоа да се оствари ќе треба да дадеме 200% од себе" вели голманот и капитенот на прилепчани Дарко Тофилоски.

РАБОТНИЧКИ ЌЕ СЕ „ВАДИ" СО БЕЛАСИЦА

Тимот од Градски парк е во лузерска серија од три меча по ред. Токму затоа момците на стратегот Ѓоре Јовановски на дуелот со Беласица на Арената „Филип Втори", ќе мора по секоја цена да ги освојат трите бода. Ренова дома го дочекува Шкупи, тоа ќе биде исклучително важен меч за двете екипи, додека Силекс во Кратово ќе се обиде против Македонија ЃП да победи и со тоа да му го препушти на друг „фенерот" на прволигашката табела.

ИГРАЈТЕ СО МОЦАРТ, ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ КОЕФИЦИЕНТИТЕ ЗА ПМФЛ

ШТИП: ПОБЕДА – ВАРДАР 0-2 (1,69)
ТУРНОВО: А. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА 0-2 (1,96)
СКОПЈЕ: РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА 1 (1,60)
КРАТОВО: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-3 (1,95)
ТЕТОВО: РЕНОВА – ШКУПИ Х2 (1,57)

*Комплетната саботна понуда на обложуваницата „Моцарт“ може да ја видите на овој ЛИНК.  Одберете ја вашата омилена игра и типувајте. 

Најново во Фудбал