2МФЛ - ЗАПАД, БЕЗ ГОЛОВИ ОДИГРАА ВЛАЗЕРИМИ И ЛАБУНИШТА

Тетекс го „урна“ Генч, нови позитивни „ветришта“ во Пелистер!

Влазрими на домашен терен одигра без голови 0:0 против Лабуништа, додека Тетекс пред своите гледачи со 2:0 триумфираше над Генч Калемлер.

објавено: 20 октомври 2018 - 16:32

Стрелец на погодоците за „штофарите" за втора победа сезонава во шампионатот беа Стефан Коцев во 38. и Меритон Салији во 75. минута од средбата во Тетово.

Пелистер под Под Тумбе Кафе со голот на Благојче Главевски (66.) дојде до трите бода против Скопје, а на домашен терен тимот на Гостивар само ремизираше со Кораби (1:1).

Гостиварци беа блиску да ја обезбедат својата шеста победа, најпрвин благодарение на Стефан Лазаревиќ поведоа уште во четвртата минута од мечот. Но, пораз за гостите не дозволи Александар Целески кој стрелаше во 72. минута.

2МФЛ - ЗАПАД, 10. КОЛО

САБОТА

ВЛАЗЕРИМИ - ЛАБУНИШТА 0:0
ГОСТИВАР - КОРАБИ 1:1 (Лазаревиќ 4/Целески 72)
ПЕЛИСТЕР - СКОПЈЕ 1:0 (Главевски 66)
ТЕТЕКС - ГЕНЧ КАЛЕМЛЕР 2:0 (Коцев 38, Салији 75)

НЕДЕЛА, 14:30 Ч

СТРУГА ТРИМ ЛУМ - ГОБЛЕН

Табела:

1.Струга Трим Лум 20 бодови
2.Лабуништа 19
3.Гостивар 16
4.Влазерими 14
5.Гоблен 12
6.Скопје 11
7.Генч Калемлер 11
8.Кораби 11
9.Пелистер 11
10.Тетекс 7

Најново во Фудбал