ВИКЕНДОВ СТАРТУВААТ ДВЕТЕ ВТОРИ ЛИГИ

„Тесно" на Исток, „жешко" на Запад

И оваа сезона добро познатите екипи ќе бијат битка за влез во елитата, на Запад тука се Струга Трим Лум, Гостивар и Скопје. На Исток пак покрај Брегалница и Борец се наметнува дебитантот Кит Го, кој е одлично организиран клуб...

објавено: 18 август 2018 - 14:00

Викендов со десетте натпревари кои се закажани за денеска во 17 часот, стартува и Втората лига во двете конкуренции, во Истокот и Западот. Се разбира како и лани, но како и во минатите сезони, ќе биде интересно и возбудливо пред се во битката за висок пласман. Познато е дека само првопласираните екипи ќе се пласираат во Првата лига, додека вторите ќе играат во бараж.

Се играат 27 кола, односно ќе се игра по двокружен систен, значи 18 кола, а потоа и посебен круг, оној според „Бергер".

ПЕХЧЕВЦИ СО ВИСОКИ АМБИЦИИ

Оваа сезона од Кит Го од Пехчево, од дебитантот во Втората лига, се очекува да биде освежување во оваа конкуренција. Од како клубот го презеде познатиот бизнисмен Кирил Гогов, од година во година тој се качува по едно скалило нагоре. Одличните услови, реновираниот стадион, добрата екипа и пред се одличната организација, сами по себе, го насочуваат Кит Го како еден од фаворите за висок пласман.

„Не сакаме да се расфрламе со бомбастични изјави, имаме добар тим, донесовме и неколку квалитетни засилувања. Наша цел во оваа сезона е да бидеме стабилен второлигаш, имаме намера да се бориме за пласман во горниот дел на табелата. За нас успех ќе биде ако на крајот завршиме меѓу првите три екипи. Не се залетуваме, одиме чекор по чекор, како што и досега беше. Свесни сме за нашите квалитети, но ги респектираме и останатите" - изјави Гогов кој во клубот има голема помош од координаторот Никола Кузманов и тренерот Трајче Сенев.

ВЕЛЕС ПРОТИВ ШТИП

Пехчевци веројатно свесно им ја препуштаат улогата на фаворити на Брегалница и Борец. Екипи кои лани, но и оваа сезона, секако дека покрај пехчевци, ќе бидат тие кои ќе бијат битка за првото место и влез во елитата. Секако дека некои раборти ќе бидат појасни уште на стартот. А во првото коло Кит Го дома ја дочекува Плачковица, Борец и оди на екипата на Детонит во Радовиш а штипските „сини" пак му гостуваат на Вардар во Неготино. Секако дека не смееме да заборавиме на Тиквеш и Кожуф, посебно на кавадарчани со тренерот Љупчо Димитковски - Гањо, кои ќе бидат „мини" за сите фаворити. Останатите реално мора да се задоволат со битка за избегнување на последното место.

СТРУЖАНИ КАКО ПРВИ ФАВОРИТИ

На Запад пак и дефитивно се издвојува Сртруга Трим Лум. Клуб со најголем буџет, клуб кој ова лето ги донесе Лена, Цветаноски, Кочоски, Далчески, Лога. Тоа е екипата која не би требало да има проблеми да биде прва. Стружани сезоната ја стартуваат на гости, и тоа во Куманово кај Гоблен.

Никако не смее да се заборави на Скопје, екипа која загуби многу во квалитет со заминување на неколку клучни играчи, но „пиратите" секогаш се незгодни, посебнно на свој терен.

Тука некаде е и тимот на Влазерими, па секако Гостивар. Тетекс би требало да биде горе, додека останатите би требало да се борат за избегнување на најлошото. Инаку според се дерби на ова прво коло ќе биде мечот на Автокоманда меѓу довчерашните прволигаши Скопје и Пелистер.

ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО - ИСТОК

САБОТА, 17:00 Ч
ПЕХЧЕВО: КИТ ГО - ПЛАЧКОВИЦА
КАВАДАРЦИ: ТИКВЕШ - КОЖУФ
РАДОВИШ: ДЕТОНИТ - БОРЕЦ
М. КАМЕНИЦА: САСА - ПАРТИЗАН (О)
НЕГОТИНО: ВАРДАР (Н) - БРЕГАЛНИЦА

ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО - ЗАПАД
САБОТА, 17:00 Ч
ГОСТИВАР: ГЕНЧ КАЛЕМЛЕР - ТЕТЕКС
ДЕБАР: КОРАБИ - ГОСТИВАР
КУМАНОВО: ГОБЛЕН - СТРУГА ТЛ
СТРУГА: ЛАБУНИШТА - ВЛАЗЕРИМИ
СКОПЈЕ: СКОПЈЕ - ПЕЛИСТЕР

 

Најново во Фудбал