И ОФИЦИЈАЛНО ПРОМЕНИ ВО БИТОЛСКИОТ КЛУБ

Стојчевски е новиот Извршен директор на ФК Пелистер

На денешната седница на Собранието на клубот, и официјално беа избрани новите водечки лица во ФК Пелистер.

објавено: 18 октомври 2018 - 16:29

Она што во неколку наврати „Спортмедиа" го најавуваше, од денеска е и официјално. Имено ФК Пелистер има нова раководна структура.

На денешната седница на Собранието на ФК Пелистер, за нов извршен директор е назначен Пеце Стојчевски, инаку сопственик на кафе - ресторанот „Корзо". Инаку најголемиот дел, 75% од акциите на клубот ги имаат две битолски фирми.

За директор на Бордот на директори поставен е Зоран Лазаров, инаку директор на Клиничкиот - центар во Битола. Во новата управа се и екс судијата Љубомир Крстевски, потоа Марјан Трифуновски и Боге Пишмановски.

Најново во Фудбал