ДУЕЛОТ МЕЃУ НАЈТРОФЕЈНИТЕ КЛУБОВИ ЌЕ СЕ ИГРА ВО САБОТА

Соседското дерби меѓу Вардар и Работнички на Арената под рефлектори!?

Благодарение на „романтичарите" Вардар за прв пат сезонава ќе настапи на „Филип Втори".

објавено: 17 септември 2018 - 20:15

Најверојатно дербито од 6.коло меѓу Работнички и Вардар ќе се игра во ноќен термин, со почеток од 19 часот, и тоа во сабота на 22 септември. Имено познато е дека Работнички своите натпревари како домаќин ги игра под рефлектори, па така ќе биде и на ова соседско дерби. Останатите мечеви од 6.коло во ПМФЛ ќе се играат во недела.

Интересно е тоа дека на Вардар ова ќе му биде прв пат сезонава да игра на Националната Арена „Филип Втори", и тоа само благодарение на Работнички. Познато е дека поради недостиг од финансии раководството на Вардар инсистира мечевите да се играат на „Борис Трајковски" во Маџари, кога „црвено – црните" се домаќини.

Најново во Фудбал