ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА НОВИ ТРАНСФЕР „БОМБИ“

Шкупи на елитни подготовки за Лига Европа

Има три опции за тоа каде чаирчани ќе се подготвуваат. Тоа се Словенија, Австрија или Швајцарија

објавено: 26 мај 2018 - 18:30

Откако и дефинивно се знае дека, по долги години, чаирчани ова лето ќе играат во фудбалска Европа, клубот ги прави финалните планови околу тоа каде ќе се одвиваат дел од летните подготовки. Има три опции каде тоа стратегот Зекирија Рамадан и неговите играчи ќе ја „брусат" формата пред настапот во квалификациите во ЛЕ. Првата е Словенија, а другите опции се Австрија и Швајцарија.

За ова дефинитивно ќе се знае на почетокот на следната недела. Инаку во претстојниот период ќе се знаат исто така и новите трансфер „бомби". Засега договорени се Игор Алексовски и Нијази Лена.

Најново во Фудбал