ЧАИРЧАНИ ЈА СТАРТУВААТ ГЛАВНАТА ФАЗА ОД ПОДГОТОВКИТЕ

Шкупи летна за Анталија

Експедицијата на Шкупи утринава замина за Анталија каде ќе престојува 18 денови, ќе одигра и неколку пријателски натпревари

објавено: 17 јануари 2019 - 14:28

Фудбалерите на Шкупи, целиот стручен штаб како и дел од раководството на клубот, утринава летнаа за Анталија каде чаирчани ќе се подготвуваат цели 18 денови. Покрај воигрувањето на тимот, момците на стратегот Умит Каран ќе одиграат и неколку пријателски натпревари. Ривали ќе бидат тимовите на Сепахан, МТК, Јаши, Сараево и др.

Што се однесува до преодниот рок, чаирчани беа многу тивки барем кога се однесува за ангжман на нови играчи, велат дека во Анталија ќе има многумина на проба и дека адекватно ќе се засилат. Инаку познато е дека од Шкупи зимава си заминаа Илијоски, Стојкоски, Љамчески, Типуриќ.

Најново во Фудбал