НА ЧАИРЧАНЕЦОТ НЕ МУ „ЛЕЖИ“ ТЕТОВО

Шкендија и Адили по вторпат „раскинаа“ !

Мевљан Адили и официјално, шампионот потврди, си замина од Тетово. Ова на Адили по вторпат му се случува. Најверојатно се сели во Камза, интерес пројавува и неговиот матичен клуб Шкупи

објавено: 10 јануари 2019 - 20:14

На Мевљан Адили едноставно не му „лежи" Тетово, односно Шкендија. Чаирчанецот по вторпат „раскинува" со Шкендија,првиот пат беше во 2015 година кога по само шест месеци се врати во Шкупи. Тој доби нова шанса да се наметне во Шкендија, но сепак не успеа. Побарал да си оди и Шкендија не му правела никакви проблеми иако се уште бил под договор со шампионот.

„Спортмедиа" пред пет дена најави дека Адили е пред трансфер во Камза (Албанија), сега тоа може да се оствари. Има интерес и од други клубови за дефанзивецот, може лесно да се случи да се врати повторно во Шкупи. Секако дека Адили ќе ја одбере најдобрата варијанта за него.

Од друга страна сега Шкендија мора да се активира на трансфер пазарот и да купи еден квалитетен дефанзивец. Или пак тренерот Ќатип Османи ќе им дава поголема минутажа на Чешмеџиев и Садриу, посебно ако се знае дека репрезентативците Муслиу и Бејтулаи се неприкосновени како стартери.

Најново во Фудбал