НАЈТРОФЕЈНИОТ ТИМ ЌЕ ПОЧНЕ СО ГОСТУВАЊЕ КАЈ ШАМПИОНОТ

Шанса за шампионска рехабилитација на Вардар

Скопските „црвено-црни" кои се наоѓаат во криза на стартот имаат прилика да се отрезнат токму против лутиот ривал Шкендија кој лани на убедлив начин им ја одзеде титулата минатата сезона

објавено: 10 август 2018 - 14:15

Натпреварот Шкендија – Вардар е еден од двете премиери закажани за в сабота на 27. прволигашки фудбалски шампионат во Македонија. Во Тетово ќе играат најтрофејниот македонски тим Вардар и актуелниот освојувач на двојната круна Шкендија. Тетовските „црвено-црни" имаат продолежен престој на меѓународната сцена, за разлика од скопските кои доживејаа резил со елиминацијата од аутсајдерот Пјуник уште во првата епизода. Двете најдобри македонски екипи токму затоа од различни позиции ќе влезат во новата прва од четирите првенствени меѓусебни пресметки. Вардар со внатрешни проблеми, организациски, финансиски и резултаски, а Шкендија со забрзан ритам од пет одиграни меѓународни средби што може да резултира со замор, а тоа да го искорист Вардар и да си направи шампионска рехабилитација во турбулентните денови.

 

ПРИОРИТЕТ Е ВРАЌАЊЕ НА ТИТУЛАТА ВО СВИТЕ ВИТРИНИ
Вардар во минатата сезона испиша историја со прв настап за еден македонски тим во групната фаза од меѓународните клупски натпреварувања, но на домашен план се замори и со 35 бода заостанување ја загуби шампионската трка од Шкендија. Сега скопјани се во другата улога. Шкендија игра мешународени мечеви, а тие одморени го чекаат дербито. Имаат предизвик да го вратат шампионскиот пехар во своите витрини.
-И како играч, а сега и како тренер секогаш од Вардар се барало освојување на првото место. Затоа на секој натпревар победата е цел на тимот. Тој предизвик го прифаќаме сите во тимот. Ќе сториме се да ја освоиме титулата – вели Александар Васоски, кој по разрешувањето на Бобан Бабунски ја доби довербата да ја извршува тренерската функција.

Вардар под палката на Васоски ќе влезе во новата сезона, и со речиси нов тим.


И ЛАНСКИОТ СТАРТ БЕШЕ СО ДЕРБИ
Вардар се подготвуваше во Словенија. Имаше позитивен биланс на меѓународните подготвителни средби, но киксираше на мечот со Пјуник кој требаше да им го трасира патот во новата сезона, по што почнаа проблемите да излегуваат на виделина.

-Искрено резултатите од тие контролни мечеви не ми беа важни. Најважно е да сме добро подготвени, а тоа ќе го покажеме на првото дерби. Интересно е што и лани првенството го почнавме во Тетово со Шкендија. Очекувам овој натпревaр на двете најдобри екипи во Македонија да донесе добар фудбал и да се вратиме со три бода. Задачата нема да ни биде лесна, но ќе дадеме се од себе да ја исполниме целта – додава Васоски.

Најново во Фудбал