ПРОДОЛЖУВА ПОЛНОЌНАТА СЕАНСА

Сашко Тасев итно повикан во ФФМ!!! (ВИДЕО)

Дознаваме дека има „добронамерни" совети до единствениот кандидат за претседател на ФФМ да ја повлече својата кандидатура.

објавено: 22 август 2018 - 00:42

„Спортмедиа" директно пренесува за сите случување од полноќните активности во ФФМ.

Се чини дека долга ќе биде оваа ноќ за сите во ФФМ. Имено пред малку беше викнат под итно и Сашко Тасев на седницата на УО. И тој пристигна во просториите на Федерација во 00:30 часот. Официјално не се знае зошто, неофицијално пак дознаваме дека врз него се врши притисок да се откаже од кандидатурата за претседател на ФФМ.

Имало и „добронамерни" совети до единствениот валиден кандидат, според Комисијата за избори и верификација, со цел тој да се откаже од кандидатурата. Во случај Тасев да се откаже, тогаш на Собранието на ФФМ на 1 септември би се донел нов Статут по кој ќе се оди во нова „трка" за наследник на Илчо Ѓорѓиоски.

Во спротивно, ќе се влезе во лавиринти од кои тешко ФФМ ќе излезе и дали воопшто ќе се излезе од целата оваа ситуација.

Како што тргнала работата веројатно е дека ќе има меѓународна интервенција и како и секогаш УЕФА и ФИФА ќе го гасат пожарот.

Најново во Фудбал