„Романтичарите“ поразени во Србија

Работнички загуби на „Чаир“ во Ниш

објавено: 8 септември 2018 - 21:03

Работнички беше убедливо поразен на гостувањето во Србија на контролен меч против екипата на Раднички. „Романтичарите" вечерва загубија со убедливи 3:0 од српскиот прволигаш на тадионот „Чаир".

Домашните поведоа со гол во 10. минута и со резултат 1:0 се замина на полувреме. Во вториот дел Раднички погоди за 2:0 во 52. минута, за конечните 3:0 да бидат поставени на 6 минути пред крајот на средбата.

Најново во Фудбал