УШТЕ ЕДНО ЗАМИНУВАЊЕ ОД ГРАДСКИ ПАРК

Работнички се „ослободи" и од Крмар

Десниот бек од Србија не е повеќе член на „романтичарите"

објавено: 26 мај 2018 - 10:50

Игор Крмар, младиот десен бек од Србија не е повеќе фудбалер на Работнички. Клубот од Градски парк не смета на него за наредната сезона, па така мораше да дојде до разделба. По Гзим Красниќи, Игор Крмар е вториот фудбалер кој заминува од редовите на третопласираниот тим во првенството кое пред една недела заврши. Инаку со оние играчи на кои им истекува договорот, раководството на клубот од Градски парк има намера да преговара за продолжување на соработката.

Најново во Фудбал