ДОДЕКА СЕ ЧЕКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА

Потребен е кристално чист избор за претседател на ФФМ!

Се погласни се најавите дека изборот на прв човек на Федерацијата ќе биде одложен за во декември. Тоа ќе биде вистински потег, претходно нека се одржат нови Собранија во ОФС

објавено: 13 август 2018 - 21:15

Засега само една работа е позната во врска со изборот на нов претседател на ФФМ. А таа е дека Костов, Тасев, Хаџи-Ристески и Станојковиќ, преку четири општински фудбалски сојузи доставија кандидатури за претседател на Федерацијата. Иако се најавуваше дека ќе има Комисија за Избори и Верификација, со цел таа да ги разгледа кандидатурите на сите четворица, сега засега истоимената комисијата не заседавала. Дали тој потег значи дека се остава простор целиот овој изборен процес да се пролонгира, и место за 1 септември, Вонредното Собрание на ФФМ да се одржи во декември.

Се чини дека тоа ќе биде вистински потег. Уште повеќе ако се знае дека зачестуваат барањата на голем број фудбалски работници кои сметаат дека прво треба да се одржат Собранија на сите 26 општински фудбалска сојузи. На нив да се изберат нови делегати и така целиот процес да се заврши на Собрание на ФФМ во декември, на кое ќе се избере наследникот на Илчо Ѓорѓиоски.
Со други зборови на мак - фудбалот потребен му е кристално чист избор на нов претседател на Федерацијата.

 

Најново во Фудбал