МАЛА ПРОМЕНА НА ТЕРМИНИТЕ ОД ОПРАВДАНИ ПРИЧИНИ

Поради референдумот осмото коло во ПМФЛ ќе се игра в сабота

Седмото коло е закажано за во среда, додека осмото ќе се игра во сабота на 29 овој месец. 

објавено: 24 септември 2018 - 20:05

Викендов во еден ден ќе се одржат сите натпревари од Првата и Втората Лига. Натпреварувачката комисија на Фудбалската Федерација на Македонија, поради одржувањето на Референдумот во недела на 30 септември, мораше натпреварите од 8. коло да ги закаже еден ден порано, односно во сабота, која речиси секогаш е резервирана за второлигашите.

Во центарот на вниманието ќе биде Турново каде се игра и големото дерби меѓу Академија Пандев и Шкендија.

Инаку како што е и превидено, натпреварите од 7. Коло од Вторите лиги се играат исто така во сабота.

Најново во Фудбал