ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ И ПЛУС НАГРАДА ОД УЕФА

Поповски: ФФМ работи според законот, долгот од 900.000 евра на претходниците е исчистен

Фудбалската федерација на Македонија доби нови милион евра од УЕФА како нагрда за доброто работење и реализација на проектите од хеттрик програмата.

објавено: 18 јули 2018 - 12:19

Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски на денешната прес-конференција го перезентираше финансискиот извештај, но и соопшти дека УЕФА веќе доделила нови милион евра како нагрда за доброто работење и реализација на проектите од хеттрик програмата. 

„Во изминатиов период беше стратешки план за инвестиции во инфраструктура, домот на ФФМ, тренинг центарот, 10 терени со вештачки терени..ФФМ ги реализира сите овие проекти и нема да застанеме тука
ќе продолжиме понатаму.

ФФМ има капацитет и со гордост можам да најавам дека се додели нови вонредни средства од хет-трик програмата во висина од еден милион евра за подобрување на фудбалската инфраструктура во Македонија.
Овие средства како и тие од претходно ќе ги насочиме за доградба, на новиот стадион на „Петар Милошевски“ да се зголеми. Сега е стадион од втора категорија, да биде од трета категорија и да може да игра националната репрезентација мора да има барем 5.000 седишта“

Генралниот секретар го најави новиот проект наменет за училиштата, а воедно потенцира дека федерацијата работи чисто, а за тоа потврда е контролата од државните институции. 

„Има и нов проект, училишен фудбал, во септември ќе почне новата сезона со над 20 општини и над 10.000 деца да играат на овој турнир. ФФМ секогаш ги почитува законите, изминативе неколку месеци имавме контрола од државните институции, а истата покажа дека работиме добро.
Пред 6 години ја превземавме федерацијата со долг од 900.000 евра, а сега тој долг е исчистен и работиме многу подобро. Се ова покажува дека ФФМ работи во вистинска насока“, рече Поповски. 

Најново во Фудбал