НЕКОГАШНИОТ ГОЛМАН ИСПРАТИ ПОРАКА

По новиот скандал, се огласи Георгиевски: До кога ќе бидеме жртви на нестручноста на докторите?

Муарем Муарем и Матеј Цветановски не е ништо ново кога се однесува за мак - фудбалот. Токму по оваа информација се огласи некогашниот фудбалер, Јорде Георгиевски. 

објавено: 27 јули 2018 - 12:00

Муарем Муарем и Матеј Цветановски не е ништо ново кога се однесува за мак - фудбалот. Најголема „ врева" дигна слулчајот „Адеми", кој „падна" на допинг - тестот, потоа беше рехабилитиран но сепак го немаше цели две години во фудбалот.

Да се потсетиме само на случаевите со Јорде Георгиевски (Работнички), Мирослав Вајс (Вардар), Благојче Ѓорѓиоски (Победа), Дино Најдоски и Мики Петровиќ (Работнички). Од нив кариерата, откако беа „фатени", им заврши на Вајс и Ѓорѓиоски.

Токму по објавата на единствениот спортски весник „СПОРТ“ за новиот допинг скандал се огласи голманот, Јорде:

„До кога жртви ќе бидат фудбалерите пради нестручноста на докторите? Ние не сме медицински лица за да би знаеле што ни се дава и што е дозволено, а што не е дозволено. Треба да се едуцираат, нека одат по семинири да знаат кои супстанци се дозволени, а кој се забранети! А не ние ни криви ни должни поради нивната негрижа да бидеме обележани цел живот“, порача Јорде Георгиевски на својот „Фејсбук“ профил.

 

Најново во Фудбал