УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА РОКАДA ВО СОБРАНИЕТО НА ФФМ

ПО НЕГОТИНО, И ТЕТОВО СО ЛИСТА ЗА ПРОМЕНИ НА ДЕЛЕГАТИ

*Еден од најголемите Општински фудбалски сојузи Тетово кој лани пред реизборот на претседателот во оставка Ѓорѓиоски достави листа со нови делегати и свој кандидат за претседател Јонуз, која не беше прифатена како легитимна, одново е поднесена за верификација во „куќата на фудбалот"

објавено: 10 август 2018 - 13:00

Наместо седница на Комисијата за избори и верификација во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и разгледување на поднесеното барање за измена на делегатската листа од ОФС Неготино, вчера во „куќата на фудбалот" беше најавена достава на нов материјал за верификација на делегати од ОФС Тетово.

Од ФФМ молчат за ваквите најавени рокади на делегатите во пресрет на Собранието закажано за 1 септември на кое треба да се избира наследникот на претседателот во оставка Илчо Ѓорѓиоски.
ХАРИ ОД НЕГОТИНО, ЈОНУЗ ОД ТЕТОВО
За да се биде претседателски кандидат за кого делегатите би се изјаснувале на 1 септември најпрво треба да се добие делегатски мандат во највисокиот раководен орган на ФФМ – Собранието. Тој статус ниту еден од потенцијалните официјални и неофицијални кандидати за наследник на Ѓорѓиоски го нема, па затоа отпочнаа постапка за верификација на ваквите мандати. Поранешниот претседател на ФФМ, Харалампие Хаџиристески од Прилеп треба да влезе во Собранието од ОФС Неготино за што е веќе е доставена документацијата, а вчера таква постапка највија и од Тетово, кои лани не беа признати пред реизборот на Ѓорѓиоски како валидни претставници на еден од најголемите Општински фудбалски сојузи. Тогаш ОФС на чело со Мухамед Абдиу и претседателскиот противкандидат Мирсад Јонуз не добија дозвола од Комисијата за избор и верификација. Сега таа постапка е обновена пред истата комисија.
РОКОТ ИЗМИНУВА, КОМИСИЈАТА ЌЕ ЗАСЕДАВА ПОДОЦНА
Ако овие предоложени измени на делегатите не поминат пред Комисијата за избори и верификување, ќе нема време за кандидирање на претседателски кандидати. Незадоволните страни имаат право на жлаба, но роковите ќе бидат изминати. Тоа ќе значи дека на 1 септември на Собранието на ФФМ пред актуелните делегати ќе нема листа со претседателски кандидат за наследник на Ѓорѓиоски, па ќе треба да се распишат избори.
Од ФФМ на оваа тема мудро молчат и ги одборјуваат деновите до собраниската седница, за која дневниот ред треба да биде составен најдоцна десет дена пред одржувањето.

 

Најново во Фудбал