ВО ВЕЧЕРЕН ТЕРМИН „РОМАНТИЧАРИТЕ“ НА ДУЕЛ СО КРАТОВЦИ

Петковски: По прва победа против Силекс

Фудбалерите на Работнички активно се подготвуваат за второто коло од Првата македонска фудбалска лига и пресметката со Силекс в сабота (18. август) од 20:00 часот на националната арена „Филип Втори" во Скопје.

објавено: 18 август 2018 - 13:00

Крилниот офанзивец Петар Петковски верува дека тимот може да одигра далеку подобар натпревар од оној против Ренова пред една недела, и против кратовци да се стигне до првата победа сезонава.

„Зад нас го оставаме натпреварот со Ренова во кој имаше и добри нешта но сигурно и работи за корекција. Не сакаме сега веќе да мислиме на тој пораз затоа што долго е првенството и сигурни сме дека од натпревар на натпревар максимално ќе влегуваме во неопходниот ритам“.

Играчот на „романтичарите“ вели дека прва шанса за подобар впечаток сигурно е натпреварот со Силекс кој, во секој случај, ниту малку нема да биде лесен.

„Силекс е цврст тим, одличен колектив кој секогаш игра на резултат, но нашата желба секако е да дојдеме до првата победа сезонава"“, рече Петковски.

Најново во Фудбал