По Филип Миленковски и Христијан Гроздановски, Петар Љамчевски треба да биде третиот битолчанец кој ова лето ќе направи трансфер во Силекс. Откако Пелистер сега е второлигаш играчот за врска е со слободни документи па така нема да има никаков проблем да парафира за кратовци. Инаку за неговите услуги покрај Силекс, силно е заинтересирана и Македонија ЃП, но дознаваме дека кратовци биле многу поблиску до негов потпис.
Инаку досега Силекс потпиша со Миленковски, Мбела, Коцев, Стефановиќ, Гроздановски и Десниќ.