КОНЕЧНО ПРВИ РАДОСТИ ЗА БЕЛАСИЦА И ШКУПИ ВО ПРВАТА ЛИГА

„Пандевци“ не го даваат врвот, Шкендија со среќен крај! (ФОТО)

Се комплетираше денеска шестото коло во Првата лига, Академија Пандев триумфираше под Тумбе кафе во Битола против Победа со 2:4.

објавено: 23 септември 2018 - 17:30

„Пандевци" дојдоа први во позитива благодарение на Миловановиќ, а зголеми Шиков во 39. минута, а пред паузата прилепчани намалија на 1:2.

Мустафов донесе израмнување во 51-та, но брзо гостите дојдоа до нова предност преку Миловановиќ кој го постигна вториот гол на мечот (2:3).

Во текот на мечот непознати лица фрлија бакљи од спротивната страна од трибината. Неофицијално од клубот го информираа делегатот дека некој планира прекин.

Трите бода ги потврди Дориев во 77. минута од пенал за вкупно петти триумф оваа сезона.

Шкупи конечно дури во својот шести меч во првенството успеа да дојде до сите три бода, на пресметката во Чаир триумфираа домаќините со 2:1.

Муарем во 10. минута се погрижи за радост кај неговите навивачи, израмнија „лавовите" преку Кировски (54.), а Илијоски од белата точка му донесе голема радост на Шкупи.

Освен Шкупи, и Беласица денеска се радуваше на првенствен триумф, и тоа на гостувањето кај Ренова со конечен резултат 0:2. Стрелци на головите беа Серафимовски (70.) и Ивановски (85. мин.)

И на последниот меч во Кратово, Шкендија во самиот финиш успеа да дојде до трите бода. После првиот дел водеа избраниците на тренерот Ќатип Османи со голот на Бојку во 14. минута.

Во 74. минута тетовските „црвено-црни" останаа без еден играч на теренот поради црвениот картон на Селмани, а тоа го искористија домаќините за израмнување (Гроздановски 81.). Крајот се покажа како среќен за Шкендија која преку Ибраими дојде до четвртата победа по ред.

1МФЛ, 6. коло

Сабота: Работнички-Вардар 0:2

Резултати, недела:

Победа-Академија Пандев 2:4
Ренова-Беласица 0:2
Шкупи-Македонија ЃП 2:1
Силекс-Шкендија 1:2

Табела: Академија Пандев 15 бодови, Шкендија 14, Вардар 14, Работнички 9, Победа 8, Шкупи 5, Силекс 5, Беласица 5, Ренова 4, Македонија ЃП 3.

Најново во Фудбал