КАПИТЕНОТ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА „ЗБОГУМ"

Пандев: Уште Лигата на нации, мислам дека е доста

Втор дел од интервјут на Горан Пандев за „СПОРТ“. Капитенот на македонската репрезентација и нашиот најдобар фудбалер, сериозно размислува да стави крај на својата кариера. 

објавено: 8 септември 2018 - 08:45

Настрана од случувањата во ФФМ, желбите и идните планови. Горан Пандев има одлука донесено уште пред неколку месеци околу тоа до кога ќе игра за националниот тим. Иако има 35 години тој е „мозокот„ на оваа наша репрезентација. Најдобриот фудбалер, најголемата ѕвезда...

"Уште Лигата на нации!", експресен одговор од прва ни даде Пандев за неговите планови со националниот тим..
„Мислам дека е доста. Веќе имам 35 години. И да не е ова со ФФМ јас имам договор со Џенова до јуни и сериозно размислувам да престанам да играм следната година. Сакам со успех да ставам крај на репрезентацијата и да ги ставам помладите да го продолжат тој пат", напоменува фудбалерит кој се надева дека преку Лигата на нации, Македонија има големи шанси за настап на големо натпреварување.
„Оваа шанса не смее да се пропушти. Треба сите да се фокусираме на она што следи оваа есен", коментира Горан Пандев околу неговите планови во националниот тим.

Повеќе во печатеното издание на „СПОРТ“....

 

Најново во Фудбал