НОВИ ЗАСИЛУВАЊА ВО ТАБОРОТ НА СТРУМИЧАНИ

Пандев“ тргна во офанзива - потпишани Бразилец и Јапонец (ВИДЕО)

Евертон Сиднеи де Брито во следните три години ќе го носи дресот на Академија Пандев. Потпишан е и Јапонецот Кенсеи Канаи.

објавено: 21 јуни 2018 - 23:14

Академија Пандев, односно спонзорот на струмичкиот прволигаш, Горан Пандев тргнува во трансфер офанзива. Ново име во таборот на тимот е Бразилецот Евертон Сиднеи де Брито. Станува збор за 23-годишен играч од средниот ред, кој настапувал за неколку екипи во Бразил

Второто име, Јапонецот Кенсеи Канаи е засилување во нападот, има искуство во Тајланд и во Јапонија.

Се очекува од таборот на Академија Пандев и официјално да ги потврдат овие трансфери.

 

Најново во Фудбал