ТРЕНЕРОТ НА ШКЕНДИЈА ПО ИНФАРКТ ПОБЕДАТА ВО КРАТОВО

Османи: Мајсторија на Ибраими, ова нека биде поука за нас!

„Не бевме на ниво, дозволивме домашниот тим да израмни, за да потоа во последните мигови од средбата со мајсторскиот гол на Ибраими сепак успееме да дојдеме до трите бода" истакнува стратегот на тетовци Ќатип Османи.

објавено: 23 септември 2018 - 21:00

Шкендија со супер голот на Бесарт Ибраими во 90+3.минута во Кратово, успеа уште еднаш да слави над Силекс. Имено ова беше 24 победа на тетовци на последните 26 меѓусебни меча со тимот од Кратово. Но ова беше доста тешка победа, а Шкендија ја завери дури во судиското продолжение.

За тоа како го виде мечот Силекс – Шкендија 1:2, свој коментар има Ќатим Османи, стратегот на шампионот.

„Можеби не бевме на своето потребно ниво, но најважни се трите бода. Сум го споменувал и порано тој победнички карактер на тимот, кој на три меча по ред се враќаше по негатива и победуваше, и на овој меч нашите играчи го потврдија тој силен карактер. Да потсетам дека со играч помалку примивме гол, но на крајот успеавме да се вратиме и да победиме во Кратово. Да повторам, не бевме на ниво, но за тоа можеби имаше и причини како лошиот терен кој не дозволуваше да ја развиеме таа наша препознатлива игра, течна и со многу додавања. Меѓутоа успеавме да ја оствариме целта, успеавме да извојуваме победа. Решавачки момент беше мајсторијата на Ибраими. Овој начин на победа е момент тимот уште повеќе да се дигне. Во иднина не треба да си дозволиме себе си да се спасуваме во последните минути. Ова нека биде поука за во иднина за нас" заврши Османи.

Најново во Фудбал