УШТЕ ЕДНА ОФИЦИЈАЛНА КАНДИДАТУРА

ОФС Тетово: Костов е наш кандидат за претседател!

Денеска и официјално од страна на ОФС Тетово до ФФМ, е доставена кандидатурата за Влатко Костов

објавено: 11 август 2018 - 12:50

Станува се поинтересно во битката за тронот на Фудбалската Федерација на Македонија. Имено во текот на денешниот ден од страна на ОФС Тетово до ФФМ, е доставена официјална кандидатура за Влатко Костов.

Еден од нашите најдобри тренери со тоа стана сериозен кандидат за наследник на Илчо Ѓорѓиоски. Од страна на ОФС Тетово велат дека кандидатурата во целост е регуларна и дека тие стојат зад името на Влатко Костов и се надеваат дека токму тој ќе биде избран за прв човек на Фудбалската Федерација на Македонија.

Инаку вонредното Собрание на ФФМ е закажано за 1 септември.

Најново во Фудбал