СТАРТУВАА ВОЗБУДУВАЊАТА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕЛИТАТА

2МФЛ: Нерасположени стрелците на Скопје-Пелистер, успешно деби на Кит-Го!

Официјално започна денеска сезоната во Втората македонска фудбалска лига (2МФЛ), Исток и Запад.

објавено: 18 август 2018 - 19:26

Дербито во 2МФЛ - Запад се одигра во Скопје, помеѓу домашната екипа и Пелистер кои лани испаднаа од Првата лига.

Без голови одиграа Скопје и Пелистер, во другите мечеви од Западот, Гостивар беше подобар од Кораби со головите на Османи во третата и Ариф во 43. мин., а 1:1 одиграа Гоблен и Струга Трим Лум (Пајазит 42/Лога 82).

Ремизираа Генч Калемлер и Тетекс, поведоа домаќините во 10. минута со погодокот на Хасан, а на стартот од вториот дел израмнија „штофарите" преку Салији (48. мин.)

На Истокот Кит-Го во дебитантскиот натпревар како второлигаш имаше успешен старт, откако во Пехчево со 1:0 триумфираше над Плачковица, со погодокот на Мариќ во 47. мин.

Фото: Петр Стојановски

Најубедлива во ова коло беше Брегалница која со 1:0 го совлада Вардар Неготино. Размоски во 55-та ја започна гол-серијата, двоен стрелец беше Илиев (58. и 70. мин.), зголеми Велиновски (81.), а поразот на домаќините го ублажи Шишков (87.)

Борец славеше кај Детонит после автоголот на Ѓоргиев во 45. минута, додека возбудувања имаше на мечот на Градскиот стадион во Македонска Каменица.

Најпрвин во позитива беа домаќините со головите на Иванов во деветтата и Златковски од пенал во 23-та мин.

Но, следуваше пресврт на гостите од Обршани, Аџиоски двапати стрелаше за израмнување во 28-та и 59-та мин., а конечниот епилог го постави Митрески (90+3).

2МФЛ, 1. КОЛО, РЕЗУЛТАТИ:

ИСТОК

КИТ ГО - ПЛАЧКОВИЦА 1:0
ТИКВЕШ - КОЖУФ 0:0
ДЕТОНИТ - БОРЕЦ 0:1
САСА - ПАРТИЗАН (О) 2:3
ВАРДАР (Н) - БРЕГАЛНИЦА 1:4

ЗАПАД

ГЕНЧ КАЛЕМЛЕР - ТЕТЕКС 1:1
КОРАБИ - ГОСТИВАР 0:2
ГОБЛЕН - СТРУГА ТЛ 1:1
СКОПЈЕ - ПЕЛИСТЕР 0:0

19.08 (недела, 17:00 ч.) ЛАБУНИШТА - ВЛАЗЕРИМИ

Познато е дека само првопласираните екипи ќе се пласираат во Првата лига, додека вторите ќе играат во бараж.

Ќе има вкупно 27 кола, односно ќе се игра по двокружен систен, значи 18 кола, а потоа и посебен круг, оној според „Бергер".

Најново во Фудбал