УЕФА СО ПРЕДЛОГ ДО НАШИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО ЛИГАТА НА ЕВРОПА

НЕОФИЦИЈАЛНО: Работнички прво домаќин на Хонвед, Шкупи - Ренџерс на 17 јули

Познати се термините на одигрувањето на мечевите од 1.квалификациско коло во ЛЕ на нашите екипи. Тимот од Унгарија поради казна ќе го пречека Работнички пред празни трибини

објавено: 21 јуни 2018 - 09:48

Со оглед на тоа дека трите наши клубови во ЛЕ ќе играат на Арената, и со оглед на тоа дека сите три прво ќе гостуваат, мораше УЕФА да се вмеша и да даде свој предлог.
Се разбира дека овој понуден распоред е неофицијален зошто има големо незадоволство кај некои од клубовите.
Па така Работнички прво ќе му биде домаќин на Хонвед и тоа на 11 јули, додека реваншот се игра на 17 во Будимпешта. Шкупи со Ренџерс ќе го игра реваншот во Скопје на 17 јули но не подоцна од 18 часот.
Се разбира дека во текот на денот овие термини веројатно ќе претрпат измени.
Инаку што се однесува до Хонвед овој клубе казнет од УЕФА и реваншот со Работнички ќе го игра пред празни трибини.
РАСПОРЕД ПОНУДЕН ОД УЕФА
ПРВИ МЕЧЕВИ
РАБОТНИЧКИ - ХОНВЕД 11 ЈУЛИ
РЕНЏЕРС - ШКУПИ 12 ЈУЛИ
ПЈУНИК - ВАРДАР 12 ЈУЛИ
РЕВАНШИ
ХОНВЕД - РАБОТНИЧКИ 17 ЈУЛИ
ШКУПИ - РЕНЏЕРС 17 ЈУЛИ
ВАРДАР - ПЈУНИК 19 ЈУЛИ

Најново во Фудбал