АМАТЕРСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НАПРАВИ ПАУЗА КАЈ ВТОРОЛИГАШИТЕ

На Запад нема одлагање, на Исток две кола поместени

Продолжението на првенството во источната конкуренција ќе биде со 10. коло на 30 октомври, а другото заостанување ќе се надополни во следната репрезентативна пауза. 

објавено: 18 октомври 2018 - 14:00

Поради настапите на квалификациски турнир во Северна Ирска на аматерската фудбалска репрезенатција на Македонија, луѓето задолжени за натпреварувањето беа принудени да направат рокади во календарот во второлигашката конкуренција Исток, по барање на дел од екипите. Западната конкуренција продолжува според утврдениот календар без одлагања. На Исток во закажаните термини нема да се играат 10. и 11. коло.

ПОРОДОЛЖЕНИЕ НА 30 ОКТОМВРИ СО 10. КОЛО
Продолжение на второлигашката конкуренција- Исток, ќе биде со 10. коло кое е закажано во прекуреден термин на 30 октомври, во вторник. Заостанувањето од уште едно коло ќе биде надополнето со играње на коло во наредната принудна репрезентативна пауза. Точниот датум и коло кое ќе се игра прекуредно ќе биде дополнително одредено.
Ова поместување доѓа поради барањата на некои клубови од Исоток од каде главно се ангажирани аматерските репрезентативци.
На Запад нема да има поместувања за одигрување на предвидените кола од есенскиот дел на сезоната.

Најново во Фудбал