ВО СЛУЧАЈ ДА БИДЕ ЕЛИМИНИРАНА ОД ШЕРИФ

На Шкендија широко и се отвара патот кон плеј – офот во ЛЕ!

Посакуваме шампионот да го мине тимот од Молдавија, но ако не успее во тоа тогаш во 3.квалификациско коло во ЛЕ ќе има ривал кој може и треба да се прескокне за да и третпат по ред се најде во плеј – офот во ЛЕ.

објавено: 21 јули 2018 - 20:00

Во вторник (24 јули) шампионот на Македонија, тимот на Шкендија ќе го одигра првиот меч против Шериф Тираспол во рамките од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Во случај да ја мине оваа пречка тогаш ќе игра во следната рунда од ова натпреварување. Можниот ривал ќе биде познат во понеделник кога во Нион ќе се одржи ждрепката за 3.квалификациско коло во ЛШ.

Во случај пак Шкендија да не го помине тимот од Молдавија, ќе се најде во 3.квалификациско коло во Лигата на Европа. Ќе добие ривал од т.н. „шампионски пат", а тоа значи дека во понеделник во Нион, ќе го дознае и можниот ривал за двомечот во ЛЕ.

Инаку можни ривали на тетовци во 3.квалификациско коло во ЛЕ, се победниците од следните двомечи: Зрински (БиХ) – Валета (Млт), Санта Колома (Анд) – Валур (Исл), Сутјеска (Ц. Гор) – Алашкерт (Ерм), Дуделанж (Лук) – Дрита (Кос) и Олимпија (Сло) – Крусадерс (С. Ирс). Се се тоа екипи кои може и треба да се минат, барем ако Шкендија биде на своето ниво а не како што играше во Велс на реваншот против ТНС. Токму затоа велиме дека на Шкендија широко и се отвара патот кон плеј – офот во Лигата на Европа. Тоа би било третпат по ред. Да потсетиме во 2016 ривал беше Гент, лани Милан, се надеваме на трета среќа за Шкендија.

Најново во Фудбал