ДОБРИ РЕЗУЛТАТИ НА ПОДГОТВИТЕЛНИТЕ СРЕДБИ

Милевски и Ашдод ремизираа со Спартак Москва

На пријателскиот меч попладнево рускиот гигант се спаси со гол во 90. минута.

објавено: 21 јули 2018 - 20:13

Убаво му тргна на Благоја Милевски на подготвителните средби со Ашдод, екипа од Израел која ја презема пред еден месец.

Екс-селекторот на Македонија У-21, одигра неколку пријателски средби и имаше добри резултати. Го победи Триглав со 2:1, а денеска неговиот Ашдод одигра нерешено 1:1 против Спартак Москва. Штета, малку недостигаше Милевски да триумфира над рускиот гигант, водеше се до 90.минута, но тогаш Израелците примија гол за конечни 1:1 на овој пријателски натпревар.

Инаку шампионатот на Израел стартува на 25 август, додека следниот викенд стартува Тото Куп Лигата на Израел.

Најново во Фудбал