ВО СВОЕТО ДЕБИ ПОСТИГНА ДВА ГОЛА

Мицевски: Добар старт, иако игравме против послаб противник

Дарко Мицевски, фудбалерот од средниот ред, кој што пред неколку дена се врати во својот матичен клуб, во своето деби постигна два гола во триумфот над Шампион  од 4:1.

објавено: 18 јуни 2018 - 13:31

Вардар имаше победнички почеток на серијата на контролни натпревари на подготовките во Словенија. На првиот меч „црвено-црните“ со убедливи 4-1 го совладаа Шампион од Целје, во центарот на вниманието беа дебитантите.

Дарко Мицевски, фудбалерот од средниот ред, кој што пред неколку дена се врати во својот матичен клуб, во своето деби постигна два гола во триумфот.

„Добар старт на подготвителните натпревари, иако со релативно доста послаб противник. Сепак, секогаш е убаво кога се победува, и секако дека сум среќен што на првиот меч во новиот клуб бев стрелец на два погодока. Меѓутоа за нас најважно е овој период кој следи што подобро да се воиграме, и што повеќе да ги исполнуваме тактичките задачи од стручниот штаб", рече Мицевски за официјалниот сајт на Вардар.

 

Најново во Фудбал