ОДРЕДЕНИ СЕ СУДИИТЕ ЗА 7. КОЛО ВО ПМФЛ

Мечкаровски ќе му суди на лидерот

Димитар Мечкаровски е одреден за главен судија на средбата меѓу Академија Пандев и Ренова. Средба од 7. коло кое е закажано за во среда

објавено: 24 септември 2018 - 16:30

Димитар Мечкаровски од Скопје ќе биде судија на средбата во Турново, меч од 7. коло во ПМФЛ, меѓу Академија Пандев и Ренова.

Дербито меѓу Вардар и Силекс ќе биде во „рацете" на Јован Качевски од Струга, скопската пресметка во Ѓорче ќе ја суди Игор Стојчевски а на шампионот во Тетово ќе му суди Марјан Гоцевски.

И на последниот меч од ова седмо коло, оној во Струмица меѓу Беласица и Шкупи, правдата ќе ја дели Стојанче Стојанов.

ДВОЈКИ ЗА 7. КОЛО - СРЕДА (26.09.2018) - 15:30 Ч

ТУРНОВО: А. ПАНДЕВ - РЕНОВА
Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје).

ТЕТОВО: ШКЕНДИЈА - ПОБЕДА
Судија: Марјан Гоцевски (Струмица).

СКОПЈЕ: ВАРДАР - СИЛЕКС
Судија: Јован Качевски (Струга).

СКОПЈЕ: МАКЕДОНИЈА ЃП - РАБОТНИЧКИ
Судија: Игор Стојчевски (Скопје).

СТРУМИЦА: БЕЛАСИЦА - ШКУПИ
Судија: Стојанче Стојанов (Штип).

Најново во Фудбал