НЕ ГИ ИСПОЛНИ БАРАЊАТА НА СТРУЧНИОТ ШТАБ

Мариано Ондо го раскина договорот со Шкупи

После седум месеци во тимот на ФК Шкупи, дефанзивецот Мариано Ондо и челниците на клубот ја прекинаа соработката, односно е раскинат три-годишниот договор.

објавено: 17 август 2018 - 13:35

То дојде во јануари, но не успеа да ги задоволи барањата на стручниот штаб, па затоа составот од Чаир не смета повеќе на неговите услуги.

Дојде во главниот град од Екваторијална Гвинеја, а 19-годишниот фудбалер во дресот на Шкупи имаше вкупно три настапи.

Избраниците на тренерот Зекирија Рамадани ја започнаа сезоната во Првата македонска лига со реми на гостувањето кај Силекс (1:1). Во следното коло в недела со почеток од 17:00 часот ќе ја пречекаат прилепска Победа.

 

Најново во Фудбал