Во тест-натпревар

Македонија ЃП го преслуша Вардар

објавено: 8 септември 2018 - 18:44

Македонскиот вицешампион Вардар загуби убедливо со 3:0 на пријателскиот натпревар одигран денеска во Ѓорче Петров, против екипата на Македонија ЃП. Првото полувреме заврши без голови, но во вториот дел ѓорчепетровци успеаја дури трипати да го погодат голот на „црвено-црните".

Македонија ЃП отвори во втората минута од второто полувреме , по што следуваше една убава шанса за Вардар. Во последните 15-тина минути Македонија ЃП погоди и за 2:0, по што во самиот финиш следуваше уште еден погодок за конечни 3:0.

Најново во Фудбал