ПАЛЕРМО ОДИГРА НЕСТВАРЕН МЕЧ

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ФОРМА: Несторовски испука четири „бомби“, Трајковски една, во триумфот од 20-0

Македонските репрезентативци, Илија Несторовски и Александар Трајковски беа стрелеци во убедливата победа на Палермо на пријателскиот дуел со Сапада од 20-0. 

објавено: 21 јули 2018 - 19:55

Додека ги чекаат своите трансфери, Илија Несторовски и Александар Трајковски се на подготовки со Палермо. Македонските репрезентативци се запишаа во листата на стрелци во првиот пријателски натпревар, Нестор постигна четири, додека Трајковски еден во нестварната победа над нисколигашот Сапада од 20-0.

Откако тимот од Сицилија не успеа да се врати во Серија, беше повеќе од јасно дека македонскиот тандем ќе го напушти тимот, во моментов се чека најдобрата понуда. 

 

Најново во Фудбал