ВО НОВИОТ НАТПРЕВАР ОД ДЕВЕТТОТО КОЛО ВО 2МФЛ - ЗАПАД

Лога ја врати Струга на врвот

Денеска се одигра уште еден меч од деветтата рунда, Струга Трим Лум дојде до шестиот триумф сезонава во Втората лига - Запад дома над Генч Калемлер (1:0).

објавено: 14 октомври 2018 - 16:48

На тој начин со новите три бода Струга се врати на врвот со 20 бодови, пред Лабуништа која има 18 на втората позиција.

Стрелец на единствениот гол во денешниот меч беше Аљтин Лога во 35. минута од средбата. За Генч ова е четврти пораз и моментно седмо место во генералниот пласман со 11 бодови.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД 9. КОЛО

САБОТА:
ГОБЛЕН – ВЛАЗЕРИМИ 1:1
ПЕЛИСТЕР – КОРАБИ 2:1
ГОСТИВАР – ЛАБУНИШТА 0:1

НЕДЕЛА:
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ГЕНЧ КАЛЕМЛЕР 1:0

ТЕТЕКС – СКОПЈЕ (23.10.2018)

Табела:

1.Струга Трим Лум 20 бодови
2.Лабуништа 18
3.Гостивар 15
4.Влазерими 13
5.Гоблен Јуниор 12
6.Скопје 11
7.Генч Калемлер 11
8.Кораби 10
9.Пелистер 8
10.Тетекс 4

Најново во Фудбал