ИСКУСНИОТ БЕК ОТВОРЕНО ЗА ПРОБЛЕМИТЕ НА ШКУПИ ВО МОМЕНТОВ

Љамчевски: Ни фали завршен пас

„На моменти немаме среќа, на моменти концентрацијата не не на ниво. Конечно, работиме на тој завршен пас, кој очигледно е проблем, наскоро ќе биде се ок“, вели Благоја Љамчевски, бекот на Шкупи.

објавено: 20 септември 2018 - 19:00

Кога има проблеми истите мора да се решаваат. А се требаше да биде поинаку. Европско лето, настапи на интернационална сцена, засилувања, добра атмосфера. А потоа шок, пет кола во новиот шампионат, а сеуште се нема запишано победа. Причините се неколку, се решаваат во од.

„Со Вардар одигравме добро прво полувреме ,поведовме на време имавме контрола на натпреварот што се вели имавме се во наши раце но на стартот од второто полувреме примивме два брзи и наивни гола и после беше тешко да се вратиме. Сите оние елементи кои ги наведов погоре се дел од овој пораз, да кои очигледно сме самите виновни. Дозволивме речиси добиен меч да ни се лизне од раце" - додава Љамчевски.

Смета дека е потребно и време, екипата има доста изменет лик од минатата сезона. Заминаа неколку, а дојдоа и многу нови играчи па секако дека треба време да се воигра тимот. Со доаѓањето на новиот тренер Хајат Сојдаш се променија некои нешта, има своја визија и се бара максимално залагање.

„Како што реков работиме напорно секој ден за да излеземе од оваа ситуација во која сме и се надевам само на позитивни работи во периодот што следи", завршува искусниот играч.

Најново во Фудбал