ЃОРЧПЕТРОВЦИ И ОФИЦИЈАЛНО СЕ ЗАСИЛИЈА

„Лавовите“ се пофалија со Демир, Пеналва и Едуардо... (фото)

Третиот Бразилец Изалдо Браз ќе дојде во текот на денот, се очекува и потписот на Стјепановиќ

објавено: 11 јануари 2019 - 12:27

Македонија ЃП денеска и официјално се засили со три нови имиња во своите редови. Тоа се Бењамин Демир, Андре Пеналва и Пауло Едуардо Карваљо.

Третиот „кариока" Изалдо Браз доаѓа во текот на денот а се очекува и потписот и на Остоја Стјепановиќ. Демир, Пеналва и Едуардо „лавовите" денеска ги промовираа како нови фудбалери и тие веќе работат се екипата.

Познато е дека бекот Леовигалдо Жуниор направи трансфер во Вардар, а раководството на Македонија ЃП реши да ја прекине соработката со Паулиста Фелипе и Џеферсон Насчименто, но затоа останаа Робсон да Силва и Нето. Значи Македонија ЃП во пролетниот дел ќе има одново најмалку петтмина интернационалци од Бразил.

Најново во Фудбал