АНГЕЛОВ: ЗАЕДНО СО ПУБЛИКАТА ДО ТРИУМФ НАД МАКЕДОНИЈА ЃП!

Ќе дојде ли крај на кризата во Шкупи?

После пет кола Шкупи е сеуште без победа, се наоѓа на претпоследната позиција со само два бода колку што има и Беласица на дното. Во шестата рунда од Првата лига се надева тимот од Чаир дека в недела против ѓорчепетровци ќе дојде првата победа.

објавено: 22 септември 2018 - 21:00

Кризата без триумф ги алармира сите во тимот, не поради тоа дека екипата не игра добро, но факт е дека недостасува завршниот чекор и концентрацијата во последната фаза од мечевите, па затоа на следниот првенствен дуел сите се максимално подготвени да се радуваат на првата сезонска победа.

Виктор Ангелов рече дека со помош на публиката може да се оствари целта овој викенд:

„Атмосферата кај играчите е на високо ниво, сите ние сме како семејство, единствениот недостаток е тоа што не победуваме и целата концентрација е како да стигнеме до првата победа. За следниот меч можам да кажам дека ќе биде тешко, бидејќи пред нас имаме квалитетен тим, но ние со помош на публиката сакаме да ги освоиме трите бода и на крајот да се радуваме", рече Ангелов.

Тренерот Хајат Сојдаш за неделната пресметка против Македонија ЃП од 15:30 часот го нема на располагање единствено повредениот Бесарт Кривањева.

Најново во Фудбал