ПО ДЕБАКЛОТ ВО ТЕТОВО

Јовановски: Шкендија ни одржа убава лекција

Работнички беше убедливо поразен од Шкендија со 6-2 на гостински терен во рамките на петтото коло од ПМФЛ. Иако мечот почна со водство за составот на Ѓоре Јовановски, потоа следеше голем пад во играта.

објавено: 17 септември 2018 - 19:45

Работнички беше убедливо поразен од Шкендија со 6-2 на гостински терен во рамките на петтото коло од ПМФЛ. Иако мечот почна со водство за составот на Ѓоре Јовановски, потоа следеше голем пад во играта.

Шефот на стручниот штаб вели дека неговиот тим го одигра најслабиот натпревар оваа сезона, потенцирајќи дека поразот треба да биде убава лекција за понатамошниот тек од сезоната.

„Добивме убава лекција од Шкендија. Го одигравме најслабиот натпревар оваа сезона и очигледно е дека ќе мораме да исправиме многу грешки во нашата игра. Секој фудбалер ќе треба добро да се замисли како одиграл и во иднина да се труди да биде многу подобро, секако, сето тоа вклопено во еден тимски дух. Сепак, нема да дозволиме овој пораз да не вовлече во непосакувани води и мораме веднаш да се фокусираме на следниот меч. И големи клубови како Манчестер јунајтед губеле со 6-2, а потоа станувале и шампиони. Веќе в среда не очекува првиот осминафинален натпревар од Купот на Македонија, кога му гостуваме на Тиквеш. Ќе се насочиме максимално на тој дуел, а во наредните дваесетина дена не очекуваат дури седум натпревари", вели Ѓоре Јовановски.

Работнички в сабота ќе го пречека Вардар на арената „Филип Втори", а мечот ќе се одигра од 19 часот, под рефлектори.

Најново во Фудбал