РЕНОВА СЕ ПРЕСТРОИ ПОД ПАЛКАТА НА НОВИОТ СТРАТЕГ

Илиевски: Најважна е играта, а резултатите ќе дојдат

Ни беше потребно време за адаптација, да ја разберат играчите мојата филозофија за офанизвната игра и ние како стручен штаб да ги согледаме можностите на секој играч поединечно на кои позиции може да одговари на задачите.

објавено: 15 ноември 2018 - 22:00

„Гипсарите" кои под водство на Џиџи стартува со пораз од Работнички (0-2) пред своите гледачи, одолеаа на гостувањето кај Вардар (0-0) и ремизираа со Силекс (1-1), за да последните две рунди ги добија со Македонија ЃП (2:1) и со Победа (2:1).

АДАПТАЦИЈАТА ЗАВРШИ СЕ ЧЕКА ДА БИДАТ УШТЕ ПОДОБРИ

По овие четири меча без пораз Ренова се проби зад водечката тројка Шкендија, Вардар и Академија Пандев на четвртата позиција со три бода зад помладиот струмички прволигаш.

„Ни беше потребно време за адаптација, да се привикнеме едни на други. Основно беше играчите да ја разберат филозофијата на игра која ја барам со офанизвната игра. Ние како стручен штаб пак да ги согледаме можностите на секој играч поединечно на кои позиции може да одговари на задачите и да гои користиме нивните најдобри страни. Тој период е во поодминато време и мислам дека како ќе одминува првенството ќе бидеме уште подобри", вели тренерот Илиевски.

„ГИПСАРИТЕ" НА СЕКОЈ МЕЧ ЌЕ ИГРААТ ЗА ГОЛ ПОВЕЌЕ

„Наш приоритет е да ја подбриме играта, а ако тоа го направиме како што треба и поскоро за резултатите не треба да се секираме, нема да не заобиколат. Форсираме игра за гол повеќе од противникот, бидејќи нема екипа која со одбрана може да издржи долго и да оди напред. Тоа најдобро го покажа Јувентус кој беше симбол за цврста одбрана, па беше принуден да го смени својот стил на игра – додава Џиџи.

Најново во Фудбал