УТРЕ ФФМ ОСТАНУВА БЕЗ ПРЕТСЕДАТЕЛ

Илчо поднесува оставка

Илчо Ѓорѓиоски заминува од фудбалскиот престол, тоа актуелниот претседател го најавил пред членовите на комитетот за итност при ФФМ и за утре свикал седница на УО на ФФМ.

објавено: 18 јули 2018 - 12:46

По шест години поминати на првата функција во Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски заминува од оваа раководна положба.

Како што дознаваме пред неколку дена Ѓорѓиоски има средба со претставниците на Комитетот за итност, и за утре од 12. часот, закажал седница на Управниот одбор на федерацијата на која ќе се дискутира на оваа „тема".

Со тоа практично се сè пали оној „фудбалски оган" во нашата фудбалска јавност, по што извесно е дека ни претстои едно „пеколно лето", исполнето со борба за фудбалскиот трон кој останува празен по оваа најава, и каде што „куќата на фудбалот" треба да го добие петиот претседател во историјата по Љубисав Иванов, Ламбе Арнаудов, Харалампие Хаџиристевски и Илчо Ѓорѓиоски.

Во ова негово време Ѓорѓиоски ќе остане запаметен по тоа што обезбеди настап на една наша селекција на едно големо европско натпреваруавње како што е Европското првенство за играчи до 21 година, а со подршка на УЕФА, ФФМ лани ја доби и организацијата на Супер купот.

Односно дека како и во минатото, немавме некои блескави моменти со сениорскиот тим во оние квалификациски натпревари за пласман на Европското односно Светското првенство. .

Се очекува утре попладне Ѓорѓиоски да ги искаже своите мотиви, размислувања и одлука на собирот со одборниците на федерацијата.

За потсетување, уште од подамна амбиции за претседателската функција во оваа федерација интерес појавуваа некогашниот селектор, Мирсад Јонуз заедно со Влатко Костов, но и Вујадин Станојковиќ, а не треба да се заборават и се чини, помалку нереалните амбиции за враќање на престолот на Харалампие Хаџиристевски. Макар што и некако „тивко" беа споменувани и имињата на Коста Костовски и Димитар Костадинов.

Најново во Фудбал