МЕГА - ДЕРБИ БР.54: ВАРДАР - ШКЕНДИЈА

Ибраими: Не стравуваме од никого!

„Вардар е добар тим, но искрено не стравуваме од никого посебно. На вакви дерби мечеви нема фаворити, ние ќе истрчаме да ја одиграме нашата најдобра партија" вели „бомбардерот" на Шкендија

објавено: 20 октомври 2018 - 13:00

Утре Шкендија е пред голем предизвик. Му гостува на Вардар, на лидерот кој има предност од +7 бодови. Токму затиа Шкендија мора да оди на победа, на три бода на ова големо дерби од 10. коло во ПМФЛ.

Бесарт Ибраими секако дека ќе биде ударната игла во нападот на Вардар. Тој пред гостувањето кај лидерот посочи...

„На вакви мечеви никој не е во предност, нема фаворити кога играат Шкендија и Вардар. Ќе биде интересно, и секој од играчите ќе го даде својот максимум. Ние ќе истрчаме на теренот да ја одиграме најдобрата партија во последно време. Што се однесува до Вардар, секако дека тоа е добар тим, моментално лидер на табелата, но искрено не стравуваме од никого посебно. Ако веќе морам да одговорам тоа е Барсегјан, е сега дали ќе игра тоа не знам. Искрено нас не ни одговара тоа што се игра на „Борис Трајковски", но што е тука е, истите услови ќе бидат и за двата тима" - рече Ибраими.

Најново во Фудбал