ВО СЛУЧАЈ ВАРДАР ДА ДОБИЕ ПАРИ

И Шкупи ќе бара од градскиот „колач“!

Звучи по малку и парадоксално, но така е. Имено ако некој, освен Вардар и вардарците, најмногу навива Град Скопје да го врати ФК Вардар под свое и со тоа да му дава секоја година по 1.500.000 евра од градската каса на нашиот најтрофеен клуб, тоа е ФК Шкупи.

објавено: 27 август 2018 - 08:00

Како што велат нашите неофицијални информации, чаирчани тријат раце од можното враќање на ФК Вардар под „капата" на Градот Скопје. Веќе наголемо се говори дека има или ќе има разговори, а тоа го најави и градоначалникот Петре Шилегов, на темата враќањето на ФК Вардар под закрилата на Градот Скопје. И се говори дека градот Скопје ќе издвојува по 1.500.000 евра годишно за потребите на ФК Вардар.

Е сега, Шкупи, а се знае како се одвиваат работите во Македонија, бара најмалку 450.000 евра од тие 1.500.000 да се влеат во касата на клубот од Чаир. Велат дека и тие биле градски клуб, и тие исто како и Вардар имаат право на дел од „колачот".

* Повеќе прочитајте во печатеното издание на СПОРТ

Најново во Фудбал