ЕКС ШПИЦОТ НА РАБОТНИЧКИ И ШКУПИ СО ТРАНСФЕР

Хусеин Демири замина за Финска

Младиот напаѓач веќе е претставен како нов член на финскиот прволигаш Кеми Кингс.

објавено: 18 јули 2018 - 12:30

Имаме уште еден интернационалец во финскиот шампионат. Хуседин Демири е нов член на тимот на Кеми Кингс кој е дел од најдоброто фудбалско друштво во оваа Скандинавска земја.

Екс играчкот на Работнички, Македонија ЃП, Шкупи и македонски младински репрезентативец веќе е претставен како новитет во клубот, кој се мачи на резултатски план но со помош на македонскиот интернационалец ете се надева на подобри денови во следниот период. Демири замина за Финска со помош на менаџерот Шаќир Реџепи кој веќе го одведе Тавор Талески во тимот на Хонка.

Најново во Фудбал